Hyundai ACR – Батлер за електрични возила

Робот за полнење БЕВ

За Hyundai знаеме од автомобилите, но корејскиот индустриски конгломерат се занимава скоро со сé, од производство на цемент до прекуокеански бродови.

Роботиката е една од гранките во која Hyundai е силен и затоа не треба да чуди што направија робот за автоматско полнење на електричните возила. Тој може да комуницира со нив, да го отвора капачето на полначот, приклучи конекторот и да ги дополни батериите колку треба. Локацијата на возилото ја одредува со помош на 3-Д камера која функционира и во темно. Нема никакви кабли, а со него управува софтвер кој е базиран на вештачката интелигенција. Отпорен е на вода и прашина и може да се вгради на било кое место. За да се спречат можните несреќи има и ласерски сензори кои ги детектираат стационарните и подвижните препреки. Засега не е познато кога би можело да започне практичната експлоатација на вакви роботи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER