Hyundai со нов импортер во Македонија

Hyundai со нов импортер во Македонија

Ми-Да Гранд Моторс е новиот официјален импортер и сервисер на Hyundai

Објавено на 23 јануари 2020 година

Со свеченото отворање на новиот продажно-сервисен центар, Ми-Да Гранд Моторс и официјално стана новиот овластен и единствен импортер на возила и резервни делови на Hyundai за Македонија. Со тоа оваа компанија прераснува во сериозен играч на македонскиот автомобилски пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја, кој располага со корисна површина од 4.000 m². Салонот и сервис центарот на Hyundai е сместен на улицата Босна и Херцеговина до салонот на Ford и во него веќе се изложени најновите модели од палетата на корејската марка. Секако, сите заинтересирани можат да направат и тест возења на моделите што ги интересираат. Освен нови возила Ми-Да Гранд Моторс нуди и сервисирање на возилата во гарантниот период, но и за сите останати Hyundai возила во Македонија.

Понудата на Ми-Да Гранд Моторс ја комплетираат и користени возила од повеќе марки што се продаваат под балканскиот бренд Аутото. Сето ова зборува за сериозноста на настапот на Ми-Да Гранд Моторс на пазарот и во пристапот во работењето со возила, посебно во понудата на квалитетен сервис и врвна услуга со цел клиентите да бидат задоволни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER