Casper ќе биде ривал на евтините ЕВ од Renault, Stellantis и VW.
Hyundai оваа година ќе лансира целосно електрична верзија на својот мини кросовер Casper во Европа, која би можела да се продава за помалку од 20.000 евра. Автомобилот се очекува да биде прикажан во Европа во третиот квартал , а првите испораки ќе започнат до крајот на годинава. Casper ќе биде еден од малите и мини ЕВ возила кои моментално се продаваат или се планирани за Европа, вклучувајќи ги и Dacia Spring, електричното Renault Twingo и Citroen e-C3. Целосно електричниот Casper ќе се произведува во Јужна Кореја, а ја користи основата на i10. Електричната верзија ќе има помалку скапа батерија од литиум железо фосфат со опсег од 200 до 300 километри.