На саемот за потрошувачка електроника Hyundai ги демонстрираше своите амбиции кои досегаат до небо во буквална смисла на зборот бидејќи претстави летечко такси.
Проектирано од неговата компанија Supernal основата само за тоа, електричното летало ќе може да се вивне до 500 метри и со предвидена брзина до 200 километри на час да помине меѓу 40 и 64 километри.
Корејците истакнаа дека се воделе со идеја со дизајнот да го спојат автомобилскиот свет во кој живееме и идната мобилност која според нив ќе стане реалност веќе во 2028 година. Воздушното такси е замислено за употреба во градовите заради што е внимавано да биде доста тивко и да може вертикално да полетува и слетува.
Има осум пропелери, може да носи четири патници а деталите за погонскиот склоп не се познати. Според информации од компанијата на неговото создавање имаат работено 600 луѓе.


