Hyundai – Колку се цени корејската марка во Америка?

Трета година по ред лидер по иновации

Угледната Џ.Д. Пауер го посочи Hyundai за севкупен лидер за иновации за сегментот на масовниот пазар во 2022 година. Според Американскиот Индекс за техничко искуство трета година по ред го издвои Hyundai како лидер на воведување на иновации на масовниот пазар на автомобили. Како аргументи се наведуваат аплицирањето на напредните технологии за да се задоволат потребите на клиенти. Од таборот на Hyundai потврдуваат дека ова е важно достигнување бидејќи признанието ги потврдува стремежите кон развојот на производите наменети на широкиот пазар. Клучот на успехот е да се направат иновативните решенија во функција на корисниците нудејќи ги на широк спектар на клиенти. Исто така обезбедена е опширна едукација на клиентите, за да се осигура потрошувачите да добијат најдобро искуство со нивните возила. Индексот за иновации TXI обезбедува единствена мерка која ги вклучува и двете нивоа на пенетрација на напредни технологии (Длабочина на пазарот) и потрошувачка проценка на квалитетот на извршувањето на овие напредни технологии низ брендот (Excellence in Execution).  Двете мерки се со еднакви тежини – потрошувачите сакаат нова технологија, но сакаат таа да работи добро. Студијата за технолошки искуства (TXI) мери колку ефикасно секој автомобилски бренд ги носи технологиите на пазарот, и тоа се одвива на  скала од 1.000 поена и анализира 35 технологии, кои се поделени на четири категории: погодност; новонастаната автоматизација; енергија и одржливост; и инфозабава и поврзување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER