Husqvarna – E Pilen

Моторцикли

Голем и електричен

Впечатлив изглед и благ карактер

објавено 03. мај 2021

Откако големите модели на Swart и Vitpilen 701 беа повлечени од гамата, Husqvarna  покажува концепт за иднината.  E Pilen е погонет од електричен мотор со моќност од 8 kW и е наменет за користење со дострел од околу 100 километри. Системот на батерии има модуларна структура и во зависност од желбите на клиентот, системот ќе може да биде трајно инсталиран или да работи според принципот на промена на батериите.