Huawei Maextro S800 – Кинески одговор на луксузот

Huawei го исполни ветувањето, заедно со групата JAC го претстави петтиот член од своето автомобилско портфолио.

Со гордост бидејќи лимузината наречена Maextro S800 според луксузот ги надминува и најскапите модели на BMW и Mercedes, доближувајќи се до Maybach и Rolls-Royce.

Тоа се гледа и од дизајнот и од габаритите – должината од 5,5 и широчината од два метри. Внатрешноста е исполнета со врвни материјали, покривот изведен како ѕвездено небо а на патниците на располагање им се и сеф за скапоцености и ладилник за пијалаци.

Погонот е електричен со 530 односно 850 коњски сили и 1,5 литарски бензинец кој работи како генератор за струја. И покрај цената која стартува од 130 илјади долари Huawei има намера да продава по 35.000 примероци годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER