Компанијата Tesla е пионер и лидер на пазарот на електрични автомобили, но добива сé поголема конкуренција од Кина
На ланскиот салон на автомобили во Пекинг, за нас непозната кинеска компанија Hongqi, го претстави концептот Е 009.
Сега тој елегантно обликуван автомобил се матерајилизира во сериски модел кој сериозно му се заканува на Tesla Model 3 од кого, барем според декларираното, е поголем, има повеќе сила и далеку поголема автономија.
Tiangong 05 е подолг во однос на Tesla Model3 за 10 сантиметри и му „бега“ во должина на Hyundai Ioniq 5 за само пет милиметри, има поголемо меѓуоскино растојание, и, според декларираното, може да помине 750 километри со едно полнење на батериите, што е 180 км повеќе од Tesla Model 3.
Нивниот капацитет сé уште не е деклариран, но производителот напоменува дека се од типот литиум-железо-фосфатни батерии, испорачан од заедничкото вложување со CATL. Hongqi Tiangong 05 се придвижува од еден мотор поставен на задната оска, кој произведува 285 коњски сили на тркала. Адекватниот Tesla Model 3 доаѓа со 257 коњски сили.
Tiangong 05 се придружува на кросоверот 08. Цените на кинескиот пазар допрва треба да се соопштат, но повеќе од јасно е дека додека Tesla се бори да ја освои вселената, кинезите се стремат да ја освојат планетата Земја. Утешително е тврдењето дека Hongqi најавува дека нема намера да го пласира својот Tiangong 05 во САД и Европа. Барем во првата фаза…


