Соочувајќи се со реалноста Honda елиминираше три модели непосредно пред почетокот на нивното производство наменети претежно за американскиот пазар.
На удар се најдоа лимузината и кросоверот од серијата 0 и Acura RSX. Оваа драматична одлука која силно одекна во глобалната автомобилска индустрија носи радикален пресврт во стратегијата на производителот која сега останува нејасна.
Според јапонските директори барем кога Америка е во прашање фокусот ќе биде ставен на унапредување на постоечките модели и намалувањето на нивните цени. За остатокот од светот пак се планира проширување на хибридната понуда. Причината за откажувањето на новата серија електрични возила проектирани од бел лист хартија заради што и ја добија ознаката нула се парите кои компанијата ги нема – се очекува фискалната 2025 година која во Јапонија завршува во март да им донесе загуба меѓу 2 и 3 милијарди долари.
Претходните планови предвидуваа семејство од седум различни модели до крајот на деценијава. Прв требаше да биде лимузината покажана како концепт во 2004-тата, а веднаш по неа и кросоверот. Фабриката во Охајо каде требаше да се произведуваат веќе е модернизирана и опремена со технологии прилагодени за електрични возила.
Засега нема информации како сето ова ќе се одрази на лансирањето на кој како заеднички автомобил на Sony и Honda поставен на истата платформа како и откажаните модели е планиран за производство во оваа фабрика.
Истовремено се поставува и прашањето дали Honda ќе запре со продажбата и на електричниот Prologue кој ги користи технологиите на General Motors и доаѓа од една од неговите мексикански фабрики, посебно ако се знае дека Acura веќе го исфрли од понудата неговиот механички близнак ZDX.


