Иако Honda се откажа од своите најавени три електрични модели, Super-N ветува дека ќе ги надмине конвенциите за компактно електрично возило
Honda е на пат да го редефинира сваќањето за мало електрично возило.
Конструиран на лесната платформа на напредната гама автомобили од серијата N „Kei“ што се продава во Јапонија, Super-N е инспириран од легендарниот City Turbo II од 1980-тите. Со впечатлив надворешен дизајн кој се карактеризира со неговиот препознатлив широк став, поголеми браници и привлечни аеродинамични канали.
Ќе биде достапен во Европа од јули со почетна цена под 21.000 евра. Овој електричен модел има само 47 kW, но со режим „BOOST“се зголемува моќноста 70kW за целосно да го ослободи неговиот потенцијал за перформанси.
Инженерите на Honda работеа на калибрацијата, спроведувајќи обемни тестирања на различни услови на површината на патот во Јапонија и Велика Британија за дополнително да ги подобрат своите возни перформанси. Со автономија во градски режим од 315 километри, Super-N ќе понуди слобода во секојдневното патување. Внатрешноста, исто така, има препознатливи сини акценти кои оддаваат почит на оригиналниот City Turbo II,
додека амбиенталното осветлување ја облева контролната табла со ладна сина светлина ноќе, менувајќи се во богата виолетова боја кога е избран BOOST режимот. Honda Super-N во Европа би чинелоколу 23.000 евра, цена која е крајно дискутабилна за EV од оваа класа.
