Дебито со електричен модел во Америка Honda го прави со богата опрема и позајмена платформа
Времето за лансирање на првиот електричен модел на Honda во Америка наближува и јапонскиот производител ги дефинираше неговите карактеристики.
Не е тајна дека под атрактивно обликуваната каросерија се крие механика од General Motors, поточно платформата од електричниот Chevrolet Blazer и Cadillac Liriq. Причината за ваквата невообичаена соработка е јасна – големите трошоци за развој и организација на производството, кое ќе се одвива во погоните на GM во Мексико.
Honda Prologue како што е наречен овој кросовер има должина од 4,9 метри и широкоградо меѓуоскино растојание од 3,1 метар. Дизајниран во студиото во Лос Анџелес го имплементира новиот стил на возилата на јапонската марка за кој Американците сметаат дека е премногу едноставен. Истата стратегија е применета и во ентериерот каде на функционалноста ништо не и пречи.
Простор има и повеќе од доволно, а опременоста е над нивото со кое се пласираат сличните модели на General Motors. Во понуда ќе бидат две конфигурации, со еден или два електромотора. Honda засега ги објави спецификациите само за посилната варијанта со погон на сите четири тркала, која со своите 288 коњски сили ќе биде значително послаба од механичкиот близнак Acura ZDX.
Батериите од 85 киловат-часа ќе обезбедуваат 480 километри пат со едно полнење, по што за само 10 минути ќе се освежат со струја за поминување стотина километри. Цената не е прецизно дефинирана но се очекува да се движи некаде меѓу 45 и 50 илјади долари. Освен во Северна Америка, продажба во други региони не е предвидена.