Honda ја претстави новата генерација на својот најслабо продаван модел во Америка, кросоверот Passport
Голем колку Volkswagen Touareg и ексклузивно наменет само за тамошниот пазар, тој сега располага со поцврст изглед и помодерна опрема претежно обраќајќи се на помладите купувачи.
Заради нивната зголемената заинтересираност за излети во природа доби поистакнати теренски својства. Нив ги обезбедува големиот 3,5 литарски атмосферски мотор чии 285 коњски сили преку десетстепената автоматика ги задвижуваат сите четири тркала.
Инженерите на Honda тврдат дека интелигентниот систем е способен целиот вртежен момент да го испрати само на едно тркало ако треба, а практичните можности за користење ги обезбедуваат седумте режими на возење и посебните плочи под возилото кои ја штитат механиката од камења на тежок терен.
Димензиски Passport малку е пораснат во однос на претходната генерација што на кабината со два реда седишта ѝ обезбедува доволно простор дури и според американските сфаќања.
Дизајнот на ентериерот е доста едноставен а списокот на опции краток бидејќи како велат од Honda во стандардната опрема има сé. Затоа и не треба да чуди што е најавена цена која е повисока од онаа на поголемиот Pilot чија платформа има.