Honda – NSX

Вести насловна

Достојно збогување

Најевтиниот супер автомобил оди во пензија!

објавено 09. август 2021

Дека цената и перформансите не се пресудни на пазарот покажува примерот на Honda NSX. Иако според перформансите беше високо во класата, а според цената на дното, сепак не успеа да се пробие на пазарот. Од неговото деби пред четири години Honda ширум планетата успеа да продаде само 2.500 примероци.

Тоа беше знак дека треба NSX по втор пат да се пензионира. Последните 350 единици ќе излезат од монтажната линија до крајот на следната година со ознаката Type S. Надворешно ќе ги карактеризира посебна боја на каросеријата, специјално дизајнирани тркала и поголеми сопирачки. оптимизиран погон.

Според упатените, хибридизираниот V6 турбо ќе ја надмине бариерата од 600 КС. Honda планира да објави повеќе детали на 12 август, но јасно е дека ниту еден примерок од 350-те што ќе се произведат нема да дојде во Европа. Специјалната серија ги следи стапките на легендарните деривати од првата генерација NSX кои денес се барани колекционерски предмети. Нема сомнение дека новиот NSX Type S ќе стане  барана егзотика, бидејќи е крајната варијанта на еден од најдобрите спортски автомобили на сите времиња.