Дојде со фанфари, а си заминува со подвиткана опашка. Малиот градски електричен автомобил на Honda неславно го напушта пазарот за кој беше наменет. Со едноставна ознака Е тој пленеше со својата ретро појава но не и со карактеристиките детерминирани со анемичната автономија од малку над 200 километри.