Иако во догледна иднина нема никакви шанси водородот како погонско гориво да стане пошироко користен ниту пак комерцијално исплатлив, тоа не ја спречи Honda да развива вакви технологии. Овој модел Honda ќе го продава само во Калифорнија

Така после експериментот со големата лимузина Clarity од пред некоја година, сега јапонската марка повторно подготви возило со горивни ќелии. Софистицираната погонска техника е вградена во CR-V и се состои од електрохемиски генератор од новата генерација со 125 коњски сили развиен заеднички со General Motors и електромотор од 177 коњи кој ги задвижува предните тркала.

Батериите со капацитет од 17,7 киловат-часа можат да се полнат од надворешен извор, така што ова возило  во основа е плаг-ин. Во двата композитни цилиндри сместени околу задната оска собира 4,3 килограми водородот под притисок од 690 бари, доволни за автономија од 435 километри. На тоа струјата во батериите додава уште 47 километри.

Додека багажникот е со намален волумен кабината е скоро нечепната и патниците ќе го имаат истиот комфор како и кај стандардниот модел. Заради интеграцијата на водородниот систем ослонувањето е корегирано а каросеријата засилена. Променет е и изгледот на предниот дел на возилото.

Испораките ќе започнат при крајот на годинава, а цената засега не е позната. Производството ќе се одвива во сојузната американска држава Охајо, со планирана динамика од 2.000 возила годишно. Планирано е овој модел да биде лансиран и во Јапонија, а во Европа тешко да стигне.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER