Honda – Accord стартува од Америка

Ќе дојде ли во Европа?

Еден од најпосакуваните седани ја слави својата единаесетта генерација!

Без многу еуфорија, Honda ја претстави единаесеттата генерација на Accord. На прв поглед без многу измени, што може да се толкува и како почитување на правилото дека коњот што победува не се менува. Суштински е задржан изгледот од претходникот, сега со малку поостри па дури и поконзервативни линии.

2023 Honda Accord.

Тоа оддава впечаток дека со оваа лимузина Honda цели кон постари купувачи бидејќи помладите се преориентираат кон кросоверите и електричните модели. Не се променија ниту димензиите ниту пак подвозјето иако од Honda споменуваат подобра управливост и префинето возење. Палетата на погонски единици е скратена и купувачите можат да бираат меѓу 1,5 литарски бензинец со 192 коњски сили и дволитарски агрегат хибридно засилен на 204 коњи.

2023 Honda Accord.

Во кабината владее модерен амбиент во духот на сите најнови иновации на марката. Сите верзии имаат по 10 воздушни перници и Honda Sensing електронски пакет системи за помош на возачот. Производството останува во американската сојузна држава Алабама, а во Европа не треба да ја очекуваме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER