Проблемите со добавувачите ги ограничуваат амбициите
Honda има големи проблеми со добивањето на неопходните компоненти за своето непречено производство. По надминувањето на карантините предизвикани од пандемијата на Ковид 19, сега се случува повратен удар со последиците од таквата состојба. Пореметувањето во динамиката на производството и испораката на електронските делови појавени за времето на пандемијата се делумно вратени на бараниот волумен, но не се надминати. Honda во фабриките во Јапонија каде се произведуваат Civic, CR-V, Honda e, Jazz и HR-V приморана е да направи смалување на работата дури за 40% поради недостаток на компоненти и логистички проблеми. Со невољите со кои се соочува Honda ги пали сигналните светла и за комплетната автомобилска индустрија која во вториот дел од фискалната година не успева да го зголеми нивото на производство поради нрдостаток на чипови. Погонот на Hondа во Сартима е нај погоден каде производството мора да се намали за 40% додека две линии во Сузука ќе имаат помала редукција од „само“ 20%. Иако производството се нормализира во текот на летните месеци, Hondа повторно има проблеми да ги добие порачаните количини на полу проводници. За разлика од нив, земјаците Toyota немаат такви проблеми и не се откажуваат од планот да произведат 9,7 милиони возила надевајќи се дека во текот на последниот квартал на годинава ќе се нормализираат условите на пазарот.