Hon Hai – влегува во игра

насловна Поглед во иднината

Каде сите Азијати, таму и малиот Тајван!

Од скоро и Тајван ќе се регистрира во друштвото на производители на БЕВ

објавено 21. октомври 2021

На денот на технологијата одржан во Тајпеј групата Хон Хаи настапи со три експонати. Повеќе од јасно е дека овие „експонати“ наскоро ќе се реализираат како финални продукти под брендот Foxtron. Еден од нив е луксузниот модел Е, создаден целосно во студијата на Pininfarina во Камбиано, Италија.

Моделот Е е деловна лимузина чиј патнички простор во задна област може да се претвори во мобилна канцеларија опремена со сé што електрониката може да понуди. Моделот Е треба да има 750 КС, најавен е спринтот од 0 до 100 км/ч да биде совладан за 2,8 секунди и автономија до 750 километри.