Hispano Suiza – 10 факти

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Дијамантите се вечни!

Традицијата, луксузот и модерна технологија секогаш се во мода

Aдаптирал: Т.Б.

Повторното актуелизирање на марката што е длабоко врежана во сеќавањето на  аристократијата донесува врвен луксуз во повеќе од 1.904 можни комбинации на персонализација што прави да секој примерок биде уникатен. Уште кога е основана Hispano Suiza во 1904 година од Дамијан Матеу, компанијата сè уште е во рацете на истото семејство. Во временски период 117 години компанијата напраави повеќе деценијска пауза во работењето, но за нејзиниот активен работен статус има станато битен фактор во Шпанската и светската историја на автомобилизмот, создавајки ексклузивни, луксузни, технолошки напредни возила избрани од аристократи, кралеви и уметници, кои ја ценеле ексклузивноста, дизајнот, технологијата, доверливоста и стилот на Hispano Suiza.

Пред две години во Женева се појавија два нови модели, Carmen и Carmen Boulogne, лимитирани на 24 примероци. Електричните хиперавтомобили ќе испорачуваат 1000 коњи. Во продолжение следуваат десет интересни факти за Hispano Suiza.

1. Повеќе од 100 години постоење на компанијата

Hispano Suiza е оформена на 14 јуни 1904г. од страна на Дамиан Матеу, Франсиско Сеикс и швајцарскиот инжинер Марк Биркигт чие искуството било клучно во поставувањето на темелите за Hispano Suiza. Во 1905 година, Hispano Suiza го создаде нивното прво возило, Armored Type Birkigt System, кој беше опремен со четирицилиндричен мотор моќен 20 коњи и достигнуваше максимална брзина од 87 km/h. Една година подоцна, се појави првиот автомобил со шестцилиндричен мотор произведен во Шпанија. Модел кој испорачува 75 КС и кој ке успее да ја извози рутата од Перпињан до Париз за 22 часа, подвиг кој доби голем вниманието на медиумите во тоа време.

 

2. Hispano Suiza не произведува само автомобили низ својата историја

За време на Првата светска војна, Hispano Suiza премина од производство на автомобили во производство на мотори за авиони базирани врз конструкцијата на оние за тркачки автомобили  кои беа V8 со блок од алуминиумска легура за намалување на тежината. Вкупно се направени 50.000 вакви мотори продадени во  Франција, Обединетото Кралство, САД, Италија, Јапонија, па дури и Русија. Hispano Suiza своето место го најде и на вода. Најспектакуларниот мотор кој го направи е V12 со 1.300 коњи, кој бил наменет на тркачки чамци, вклучувајќи го и таканаречениот Аурора, изграден во 1935 година. Кој пред некоја година на аукција достигна цената од 1милион евра.Тоа беше период на голем успех за компанијата.

3. Кралот Алфонсо XIII

Кралот Алфонсо XIII одигра важна улога во раните денови на Hispano Suizа. Бил ентузијаст за автомобили, кој веднаш се заљубил во 20CV Hispano Suiza со кој се возел во 1905 година. Толку многу ја засакал компанијата што во 1910 година станал акционер купувајќи 8% од акциите на компанијата. Кралот Алфонсо XIII имал и автомобил именуван во негова чест, спортски двосед, со четирицилиндричен мотор од 3,6 литри кој испорачувал 60 КС и достигал 120 км/ч. Тоа беше Hispano-Suiza T45, попознат како Hispano Suiza Alfonso XIII.

4. Автомобил за елитата

Благодарение на перформансите на своите возила, кои ја комбинираа брзината, неверојатното чувство на возење, луксузните материјали, рачно изработени според највисоките стандарди за квалитет, Hispano Suiza веднаш се прослави.

Покрај кралот Алфонсо XIII, возилата на шпанската марка ги избираа аристократи, интелектуалци и најпознатите уметници во светот, како Густаво V од Шведска, Карлос II од Романија, Луј II од Монако, Пабло Пикасо, Коко Шанел, Рене Лакост, Пол Макартни,Алберт Ајнштајн па дури и оснивачот на „двојниот шеврон“ Андре Ситроен. Денес класичните автомобили Hispano Suiza се чуваат со големо внимание во музеите и приватните колекции низ светот.

5. Hispano Suiza, не само автомобил, туку предност од културен интерес

Hispano Suiza 30-40 HP бил важен модел во историјата на брендот, развиен од Биркигт како замена за 20-30 HP. Од сите произведени, направен е еден посебен за  маркизот на Зајас. Воланот бил поставен надесно, како што било вообичаено тогаш, и имал детали од махагони, рачки од слонова коска, закосени стакла, автоматски ролетни, фино обложени тапацирани седишта, дифузер за парфеми, и бројни детали кои ја истакнаа елеганцијата и ексклузивноста на автомобил. Токму тој модел направен по нарачка бил купен од Шпанското министерство за внатрешни работи, прогласувајќи го за имот од културен интерес во 1988 година и воедно станал првиот автомобил што го постигнал овој статус, кој вообичаено се доделувал на споменици и уметнички дела. Возилото потоа било изложено во Музејот за автомобилска историја лоциран во Саламанка (Шпанија).

6. Штркот

За амблем на Hispano Suiza е избран да биде штрк како симбол на наследството на компанијата како производител на авионски мотори. Марката реши да го прикаже во сите свои модели за да му оддаде почит на Жорж Гинемер, француски воен пилот, кој имал насликано штрк на својот воен авион за време на Првата светска војна, придвижуван од мотор Hispano Suiza. Во 1919 година, сребрениот штрк го красеше новиот Hispano Suiza H6B на неговото претставување на саемот за автомобили во Женева и, оттогаш, тој стана регуларен декор на сите модели на марката, придружен со знамињата на Шпанија и Швајцарија.

7. Carmen

Кармен е името што Hispano-Suiza го даде на возилото со кое се врати во светот на автомобилското производство. Тоа е модел со напредна технологија произведен и развиен во Шпанија. Изборот на името не е случајност, тоа е почит на г-ѓа Кармен Матеу, внука на основачот Дамијан Матеу, и мајка на актуелниот претседател на компанијата Мигел Суке Матеу. Ниту додавката Boulogne, која се користи за помоќната верзија на Кармен, не е случајност. Тоа е почит на победите постигнати од Hispano Suiza H6 Coupé во Купот Жорж Боило, одржан во францускиот град Булоњ-сур-Мер пред еден век.

8. Автомобил направен за трка

Hispano Suiza Carmen и Hispano Suiza Carmen Boulogne се развиени на тркачки патеки со поддршка од QEV Technologies, мотоспорт компанија која го изгради првиот болид што ја освои титулата на возачи во Формула Е шампионатот. Посилната изведба има 95 коњи повеќе и забрзува до „стотка“ за помалку од 3 секунди. Ова го прави еден од најмокните и најбрзите  автомобили во светот.

9. Поранешен Ф1 возач во развојниот тим

Луис Перез-Сала беше задолжен за развој на Carmen на патека и на јавни патиштата. Покрај него, во развојниот процес учествуваше и Пабло Суарез, инженер за мотоспорт воедно искусен возач на рели и реликрос.

10. Можност да го креирате автомобилот од вашите соништа

 

Секој  Hispano Suiza Carmen е уникатен. Благодарение на програмата за конфигурација, клиентите имаат пристап до широк спектар на опции за да го создадат моделот за кој сонувале цел живот. Постојат 1.904 можни комбинации, така што нема двa слични модели. Клиентите можат да изберат помеѓу три главни конфигурации кои ги рефлектираат клучните вредности на марката – елеганција, наследство и спорт. Врз основа на нив има избор на различни бои и материјали во внатрешноста и надворешноста, за да купувачите додадат личен допир на дизајнот и да го приспособат на нивните индивидуални вкусови. На чело на Hispano Suiza е Мигел Суке Матеу, правнук на основачот на брендот, а компанијата е дел од Peralada Group, која го претставува врвот на луксузот во гастрономијата и забавата преку своето глобално портфолио на казина, ресторани, хотели, терени за голф, лозја, музички фестивали и марини.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER