AirFlow Starship :: Хиперефикасен влекач

Хиперефикасен влекач

Shell и AirFlow Truck ги здружија силите во развој на нов хиперефикасен влекач
Објавено на 19 јуни 2018 година

Звучи чудо, но вистина е – петрохемискиот гигант Shell разви хиперефикасен влекач. За таа цел ги здружи силите со слабо познатата американска компанија AirFlow Truck, која во минатото веќе има развивано камиони со екстремна економичност. Целта им беше да создадат комбинација на влекач со полуприколка кој ќе има голема ефикасност и еколошки карактеристики, но со користење на постоечки технички решенија. Затоа и шасијата е класична, челична, но сепак за помала тежина добар дел од каросеријата е направен од карбон. AirFlow StarshipСекако, најголемо внимание е посветено на аеродинамиката. Маската всушност е активна решетка која се отвора или затвора според потребите за довод на доволни количини воздух за ладење на моторот. Како и тркачките автомобили, овој влекач има бројни аеродинамични додатоци. Посебно се изразени бочните панели кои ги покриваат тркалата и спојлерите на задниот дел на полуприколката со кои се намалува турбуленцијата на воздухот зад неа.

За погон се користи Cummins X15 мотор со 6 цилиндри. Има работна зафатнина од 15 литри, а неговите 400 KS и 2.500 Nm се пренесуваат преку 18-степен Eaton автоматизиран менувач. На задната оска на влекачот е вграден електромотор кој при кочење или забавување работи како генератор. Акумулираната енергијата која се чува во батерија од 48 V потоа се користи како испомош при забрзување или при возење на нагорници. Интересен е изборот и на пневматиците – предните се со димензии 295/75 R22.5, а задните 445/50 R22.5.

AirFlow Starship

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER