Hennessey – Venom F5 Roadster

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Најбрзиот и најмокниот кабриолет во светот!

Тексашкиот производителот на хипер автомобили направи европска премиера на Venom F5 Roadster. Hennessey тврди дека тоа е најбрзиот и најмоќен кабриолет во светот! Место на премиерата е Велика Британија, во рамките на манифестацијата Salon Privé. Пред две недели, автомобилот беше прикажан на светот за прв пат на The Quail A Motorsports, за време на неделата на автомобили во Монтереј во Калифорнија. Venom F5 Roadster е базиран на распродадениот Hennessey Venom F5 Coupe. Двата се механички идентични, но на кабриолетот се поставени неколку нови атрибути. Покрај неговиот отстранлив покрив од јаглеродни влакна, Venom F5 Roadster се одликува со нов капак за моторот од калено стакло, кој го истакнува масивниот V8 Fury мотор . Големиот стаклен панел може да издржи аеродинамички сили кои надминуваат 480 км/ч и температури над 540 степени Целзиусови.

Хиперавтомобилот со отворен покрив дополнително се разликува преку неговите уникатни тркала и уметничко скулпторскиот постамент изработен од јаглеродни влакна што користи за складирање на покривот кога не се користи. Во Salon Privé, во близина на Оксфорд, чудовиштето со 1.817 КС, дизајнирано да ја надминува брзината од 480 км/ч, е наоружано со 6,6-литарски  V8 мотор со два турбо полначи. За време на настанот Salon Privé, посетителите ќе имаат можност да го слушнат и видат купето Venom F5 додека учествува во возбудливиот спринт на ридски пат. Venom F5 е способен од 0-200 км на час да се лансира за само 4,7 секунди. Креаторот на хиперавтомобили од Тексас веќе има направено девет F5 хиперавтомобили за клиентите и предвидува вкупното производство на F5 до крајот на годинава да достигне 12 автомобили. Производството ќе се зголеми во текот на идната година бидејќи порачки за отворената верзија веќе започнаа да пристигнуваат.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER