Просто неверојатно… Новиот модел е подолг од пет метри и во Кина чини само 15.500 евра!
Теренски ориентираната марка на кинескиот Great Wall Motors не престанува да изненадува. Претствувајќи ја новата генерација на моделот Н5 ги остави вчудоневидени љубителите на офроуд возилата.
Покрај атрактивниот дизајн Haval драстично ги зголеми димензиите и сите ги шокира со цената. Рака на срце, таа се однесуваат само за Кина, но сепак, основниот модел ќе се продава за неверојатни 15.500 евра. Ова помалку го мати умот и го отвора апетитот. Н5 е поставен на ново меѓуоскино растојание од 3,14 метри и бележи вкупни 5.190 мм должина. со што го надмина претходникот за цели 54 цм.
Широчината 1.905 мм и височината од 1.833 мм го класифицира во групата на големи теренци. Иако има големи димензии Н5 се нуди само во верзија со пет седишта. Што се однесува до погонот не се нуди никаква електрификација. Двигателите имаат дволитрена зафатнина и турбо полначи. Бензинскиот се нуди во две изведби, со 190 и 218 КС, додека дизелот има 166 коњи.
Haval без оглед на изведбата нуди шест степен мануелен и осум степен автоматски менувач. Во основната верзија погонот е на задните додека за повисоките нивоа на опременост има пренос на сите тркала. За стартната цена од 15.500 евра понудени се само предни воздушни перничиња, паркинг сензори и аудио систем со четири звучници. Најопремената изведба чини 5.000 евра повеќе што се оправдува со погон на сите тркала и блокада на задниот диференцијал, систем за активна асистенција на возачот, 12.3 инчен дисплеј осетлив на допир, подобар аудио систем, панорамски покрив и загревани предни седишта. Испораките треба да започнат наскоро, но Haval не се изјаснува дали H5 ќе биде наменет само за кинескиот пазар или ќе биде наменет и за извоз.