Harley Davidson – Street Glide Special

Арктичка бура

Ограничената на 500 примероци серија е достапна во само една боја

објавено 10. август 2021

За својата популарна серија Street Glide американското лошо момче за годинава нуди колекционерско парче. Како што бива, секое ќе биде нумерирано на резервоарот за гориво, а последното ќе го носи бројот 500. Ограниченото издание Arctic Blast Limited е достапно само во една варијанта на боја, во длабоко метално сино со светло сини ленти на бела позадина со бисерен лак. Бојата се нанесува рачно, за што се одговорни специјалистите и долгогодишните снабдувачи на Harley Davidson, Gunslinger Custom Paint, студио сочинето од сликари, дизајнери, уметници и експерти за производство познати во САД. Во Европа ќе се пратат околу 100 примероци по очекувана цена од 34.495 евра без давачки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER