Амбициозни планови за локално производство
После затворањето на централа во Минхен на Great Wall Motors кратко време му требаше да ги консолидира своите европски операции. Донесен е нов стратешки план кој предвидува отворање фабрика и тоа за 300.000 возила годишно. Големите амбиции ќе бидат подржани со седум нови модели идната година со секакви погонски групи – бензински, хибридни, плаг-ин и електрични. Првиот бран новитети ќе покаже на кои клучни сегменти компанијата ќе се ориентира – дали тоа ќе останат сегашните претставувани со Ora и Wey семејствата или пак ќе се оди поагресивно. Што се однесува до изградбата на фабрика веќе се разгледуваат локации во Шпанија и Унгарија а одлуката ќе биде донесена доста бргу – планот е да се стартува со производство во 2029-та година.


