Гранд Ауто – Гласајте за Ford Puma

Нашите пријатели Гранд Ауто, ексклузивниот увозник и дистрибутер на Ford, е посебно горд што Ford Puma Gen-E стана финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026.

Признанието што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност е препознаено од 32 членото жири AUTOBEST, составено од највлијателните автомобилски новинари од исто толку европски земји. 

Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.

Влегувањето во шесте финалисти на изборот на AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа. Кусата постапка за гласање трае помалку од една минута, а со оставање на вошите податоци и адреса учествувате во лотарија со вредни награди!

👉 Вашиот глас е важен!

Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER