Горивата повторно поевтинија

Top News Македонија

Горивата повторно поевтинија

Објавено на 29 март 2021 година

Пролетва добро ни започна – два пати по ред регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на горивата. Овој понеделник повеќе добија оние чии автомобили трошат дизел – ќе плаќаат по 1,50 денари за литар помалку, додека оние на кои им треба бенизн ќе заштедат по 1,00 денар за литар. Така, од ноќеска за литар еуросупер БС-95 ќе чини 66 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 68, а за литар дизел по 55 денари. Одлуката за ваквото намалување е донесена заради намалувањето на референтните цени на бензинот на светските берзи за 4,255% и на дизелот за 5,212%, додека доларот поскапе за 0,457%.