Тврдокорен бензинец
Во инает на општата електрификација британците најавуваат уште еден V12
Познат по својот ентузијазам и инженеринг, д-р. Гордон Мари гордо обзнани дека од неговата компанија доаѓа уште еден супер автомобил погонет од 12 цилиндри. Ако се повикаме на името и масивниот мотор може да асоцира на руски тенк. Т.33 е втор производ што треба да го здогледа светлото на денот идната година, веднаш по започнувањето на испораката на веќе најавениот Т.50. Ќе биде понуден во ограничена серија од 100 примероци кои ќе имаат можности за персонализација.
Т.33 е поставен на ново развиена лесна архитектура сочинета од јаглерод и алуминиум со јасна цел вкупната тежина да не надмине 1.100 килограми. Моторот е веќе познат од Т.50. Дело на островскиот специјалист Cosworth, за оваа прилика 3,9 литрениот V12 е реконфигуриран да испорача 615 КС и 451 Nm. Се очекува голема еластичност во перформансите поради тоа што 90% од максималниот момент го испорачува од 4.500 до 10.500 врт/мин кога ја постига максималната моќност. Не е само моторот дел од „старот школо“, туку и начинот на продажба. Уплатите веќе се примаат и секоја треба да ја покрие цената 1,65 милиони евра без данок.

























