Замена на традиционалните материјали
Goodyear разви пневматици направени од 90 проценти одржливи материјали
Новиот производ на гигантот Goodyear има помал отпор при тркалање во споредба со референтен пневматик направен од традиционални материјали се покажа при интерните тестирања на компанијата. Новата гума содржи 17 одржливи состојки во дванаесет компоненти. Меѓу другото, користени се четири различни видови компоненти кои се произведуваат од метан, јаглерод диоксид, растително масло и употребени суровини од масло за пиролиза на гуми. Употребата на масло од соја помага да се одржи флексибилно гуменото соединение на пневматикот како што се менуваат температурите и ја намалува употребата на нафтени производи. Додека речиси 100 проценти од соја протеинот се користи во храна, значителен вишок на масло останува и е достапен за употреба во индустриски апликации. Наместо силициум диоксид, концептната гума содржи висококвалитетна силика направена од отпад од оризова лушпа, нуспроизвод од преработката на оризот кој често завршува на депониите. Дополнително, има полиестери од пластични шишиња, природни борови смоли наместо смоли на база на нафта и челик со висок процент на рециклирана содржина.
Пред една година, Goodyear претстави пневматик со висок процент на одржливи материјали. Оваа година е планирано да биде лансиран овој производ од одржлив материјал со до 70 проценти органска содржина. Осум производни линии и некои тркачки пневматици на Goodyear веќе содржат масло од соја. Во процес е одобрување пред регулаторните органи, по што новите пневматици ќе излезат на пазарот.