GMC – Extreme E

Ортачки во теренски предизвици

Со враќањето на Hummer, GMC се фокусира на струјата

објавено 29. јануари 2021

Американскиот специјалист за теренски возила GMC договори повеќегодишна соработка со Chip Ganassi Racing за учество во екстремната теренска серија наменета за електрични возила. Првенство сочинето од пет трки ќе се одржи на некои од најоддалечените светски локации и ќе ја промовира апликацијата на електричните возила во сите услови. Електричниот теренец на CGR има 550 коњи, наменски направена каросерија и инспириран е од изгледот на најавениот GMC HUMMER EV. Неговото појавување во продажба е најавено на есен но се потенцира дека е опремен со Ultium, новиот систем на батерии на GМ. HUMMER EV Edition One ќе понуди погонски систем со три електрични мотори што испорачуваат 1.000 КС  на сите тркала. Системот е способен за брзо полнење на која било од новите станици за брзо полнење со висок излез од 350 киловати што е најбрзиот метод поддржан од сегашните стандарди за полнење. Extreme E е нова серија во мотоспортот која има за цел да го потенцира влијанието на човекот врз климатските промени. Во април стартува необичниот шампионат од Саудиска Арабија, во мај караванот се сели за Сенегал, а при крај на летото преку Гренланд натпреварувачите се спуштаат во Бразил и финалната трка ќе се одржи во Аргентина на крајот на декември. Шампионатот има климатски позитивен пристап и ќе биде пионер во многу одржливи технологии и техники.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER