Жил Видал се враќа во старото јато

Stellantis објави дека наградуваниот дизајнер е назначен за нов раководител на дизајнот за европските брендови.

Во својата нова улога, Жан Видал ќе го надгледува креативниот правец и стратегијата за дизајн на иконските европски марки на Stellantis, опфаќајќи го дијапазонот од градски автомобили до лесни комерцијални возила. Со исклучителна кариера од над три децении во автомобилскиот дизајн, од кои дваесет и пет во Citroen и Peugeot, Жил Видал е широко признат по својот талент и способност да ги спои иновациите со наследството на брендот. Тој ги водеше дизајнерските проекти за возила како што се Peugeot 308, 3008 и 208 – сите наградени како европски автомобили на годината помеѓу 2015 и 2019 година. Досега во својата кариера, Видал освои десет награди, од кои половина се европски автомобили на годината. Тој се враќа по пет години во групацијата Renault каде имаше, исти така, импресивни остварувања. Жил Видал изјави дека има голем  ентузијазам за враќањето на корените и дека со нетрпение очекува да се справи со новите предизвици.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER