Германските работници на VW на „предупредувачки“ штрајкови

По неуспешните преговори за намалување на платите, тензиите меѓу синдикатите и VW се зголемуваат

Вработените на VW ширум Германија одлучија да излезат на предупредувачки штрајкови поради планот на штедење и затворање на некои фабрики што ќе иницира отпуштања на работниците.

Вчера производството на VW поради штрајкот застана на неколку часа откако синдикатот IG Metall не успеа да постигне договор со VW за намалување на трошоците. Кон крајот на ноември, синдикатот предложи 1,5 милијарди евра заштеда на трошоците, кои ќе вклучуваат откажување од бонуси за 2025 и 2026 година. „Финансиите на Групацијата сè уште не се во црвено, како во кризите во 1970-тите и 1990-тите“, рече главниот синдикален преговарач Торстен Грогер.

Тој предупреди дека, доколку не можат да се договорат, „ова ќе биде најтешкиот спор околу платите што Фолксваген некогаш го видел“. VW бара намалување на платите од 10% во целост, верувајќи дека тоа ќе му овозможи значително да ги намали трошоците и да ја зголеми профитабилноста, помагајќи ѝ подобро да се спротивстави на поевтината конкуренција од Кина.

Исто така, можно е фабриките во Германија да бидат затворени за прв пат во историјата на VW. Падот на побарувачката низ Европа и Кина, како и лошите менаџерски одлуки и високите трошоци, се меѓу факторите што доведоа до проблеми на VW. Компанијата не очекува да се врати побарувачката на ниво пред пандемијата, што значи дека сега има вишок производствен капацитет. Претставниците на IG Metall и VW треба да се сретнат на 9 декември за следната рунда преговори. Доколку не се постигне договор, може да се започнат 24 часовни штрајкови или синдикатот може да одлучи да активира „неограничени штрајкови“ кои би можеле да траат подолго.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER