Германија – Уделот на приклучни хибриди во производството расте

Според податоците на VDA и Schmidt Automotive Research, повеќе од 40% од новите патнички автомобили што излегуваат од германските производствени погони беа или BEV или PHEV.

Според податоците на здружението на автомобилски производители на Германија од мај 2025, речиси четири од десет патнички автомобили што излегуваат од германските производствени погони сега се приклучни хибриди, со што трендот е сè поблиску до 40% (37,3%).

Значителниот пораст може да се припише на заострувањето на нормата CAFE (Corporate Average Fuel Efficiency/Economy) во ЕУ и Велика Британија коja стапи на сила годинава. Нормaтa има за цел намалување на потрошувачката на гориво или подобрување на ефикасноста на горивото на возилата.

Вториот фактор за зголемување на производството на приклучни хибриди е брзањето на производителите да ги исполнат ограничувањата на вкупен јаглероден отисок на сопствените производи. Со строгите норми наметнати од ЕУ, производителите за пречекорувањето на ограничувањата плаќаат високи еколошки глоби.

Во првите пет месеци на 2025, од 1,82 милиони нови патнички автомобили произведени во Германија, 722.000 возила беа приклучни хибриди.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER