Германија има најскапа работна сила во автомобилската индустрија

Истражувањето кое опфати 250 фабрики за производство на автомобили низ целиот свет покажа дека Германија е најскапата земја на планетата за производство на нови автомобили

Студијата што ја спроведе консултантската куќа „Оливер Вајман“ откри огромен јаз во трошоците за работна сила помеѓу Германија и останатите држави.

Истражувањето покажа дека германските производители за работната сила плаќаат во просек 2.944 евра по автомобил, износ во кого влегуваат платите, пензиските придонеси и другите бенефиции. Тоа најдобро покажува зошто во последната деценија производството на автомобили во Германија се намалило за 25% и зошто тој пад најверојатно ќе продолжи. Со воведувањето на увозните тарифи на претседателот Трамп многу традиционални производители најавија дека размислуваат да отворат фабрики во САД.

Еден од нив е Audi кој, за прв пат, размислува да воспостави производство во САД. Останатите гемански производители имаат долга историја на производство на возила во САД, со што, не само што ќе ги избегнат тарифите туку ги избегнуваат и високите трошоци за работна сила што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Префрлањето на производството во САД би ја намалило таа сметка за половина, па дури и повеќе.

Имено, во автомобилската индустрија во САД трошокот по произведен автомобил за работна сила изнесува само 1.569 долари или 1.396 евра. Но, дури и производството на автомобили во Америка изгледа скапо во споредба со нивното производство во Кина, каде што трошоците за работна сила по возило изнесуваат само 585 долари.

Од консултантската куќа „Оливер Вајман“ велат дека, во некои случаи, производството на автомобил во Германија чини и до 7.800 долари повеќе отколку што би било во Кина. Логично се поставува прашањето колку долго може Германија да продолжи да произведува со споменатите трошоци. Студијата откри повеќе земји каде што трошоците за работна сила ја прават дури и Кина да изгледа скапа, вклучувајќи го Мексико, каде што цената на работна сила по возило е 305 долари, и Романија, каде трошокот е само 273 долари.

Земјата каде трошоците за работна сила по произведен автомобил изнесуваат неверојатни 106 долари е Мароко, што е скоро триесет пати помалку од онаа во Германија. И останатите европски производители се судруваат со истиот проблем. Во ОК работната сила чини 2.050 евра по произведено возило, следи Италија со 1.790 евра и 1.420 евра во Франција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER