Германија лидер по продажба на електричните возила

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Германија лидер по продажба на електричните возила

Објавено на 11 мај 2018 година

Доминацијата на Норвешка заврши – Германија сега е земјата во која се продаваат најмногу електрични возила во Европа. Тоа не е по заслуга само на субвенциите туку и на сé поголемиот интерес на тамошните купувачи за новата технологија поттикнат од домашните производители. Според податоците за продажба, во првиот квартал годинава во Германија се регистрирани 17.574 нови електрични и plug-in хибридни возила, бројка која е за цели 70 отсто поголема од остварената во првиот квартал лани. За истиот период во Норвешка се продадоа 16.182, а во Велика Британија 14.162 вакви возила. Од останатите земји поголема продажба на електрични и plug-in хибридни возила има остварено само уште Франција – 10.908, додека другите се далеку зад нив.

Вкупно за првите три месеци во Европа се продадоа 88.329 еко-возила, за 41 отсто повеќе од лани. Од нив 43.585 се електрични, 44.744 plug-in хибриди, а продадени се уште и 145.241 хибридни возила без plug-in можности.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER