Црн јануари
По еуфоричниот скок на продажбата, почетниот месец на 2021 разочарувачки
објавено 04. март 2021
За прв пат од воведувањето субвенции за електрични автомобили и приклучни хибриди, бројот на апликации за финансирање падна, толку јасно што скоро може да се зборува за катастрофа. Во ноември 28.965 купувачи се регистрирани на електрични возила, а во декември дури 43.671 продадени примероци поради раскошните субвенции. Ја испративме баксузната 2020, но јануари 2021 година беше ладен туш. Само 16.316 апликации беа примени во Германската федерална агенција за економија и контрола на извозот, одговорна за дистрибуција на субвенциите. Паѓачката побарувачка е застрашувачки знак на таканаречениот „сообраќаен пресврт“, чија цел е да се иницира електрификација на приватниот превоз. Очигледно, клиентите стануваат скептични. Приклучните хибриди ретко ги постигнуваат наведените вредности на потрошувачката. Покрај тоа, тие се карактеризираат со релативно слабите динамички својства и обично помалиот простор за складирање. Целосно електричните возила се уште попроблематични. Официјалните опсези се премногу високи, опциите за полнење се сериозно ограничени и трошоците се високи. Покрај тоа, постои загриженост за вистинската еколошка оправданост и, од неодамна, за безбедноста на електричното возило. Ако дојде до пожар тие се гаснат со голема тешкотија. Можеби електричниот бум е при крај бидејќи скептицизмот кај потрошувачите расте?!