MG сериозно се подготви за својот настап во Женева
Се менува ли автомобилската слика во Европа? Таков впечаток лесно можеше да се заклучи на штандот на MG, кој иако британска компанија настапува со возила од Кина. Со својата добро одмерена политика на проширување марката досега успеа да ги постави темелите за добро етаблирање на пазарот, кое во иднина ќе биде засилено со новата генерација на MG3. Компактниот хечбек чија продажба ќе стартува годинава ќе плени со изглед близок до електричниот MG4 и напреден хибриден погон. Сочинет е од 1,5 литарски бензински агрегат и електромотор кои заедно располагаат со 194 коњски сили, со тристепен автоматски менувач. Техничките податоци најмногу се истакнува декларираната просечна потрошувачка од само 4,4 литри на 100 километри. Електричната поддршка помага и во перформансите – MG3 забрзува до 100 километри на час за само 8 секунди.
Димензиите во однос на претходникот малку се зголемени, внатрешноста попространа а значително побогатата опрема вклучува и широка листа безбедносни системи. Од MG велат уште и дека однесувањето во возењето е подобрено а ослонувањето поинаку подесено за различни пазари, резултат на заедничкиот труд на инженерите од Европа и Кина.
Покрај MG3, марката во Женева истапи и со ултимативниот електричен спортист Cyberster, два модела од своето интернационално портфолио, MG7 и MG9, а ја претстави и својата премуим филијала Intelligent Mobility.




