Приливот на кинески возила годинава во Женева беше збогатен со уште една марка
MG како дел од групацијата SAIC на својот штанд во Женева ги угости и новитетите на сестринската марка IM, што е кратенка за Intelligent Mobility. Станува збор за премиум производител создаден со намера преку него да се истражуваат и развиваат нови технологии, не само во поглед на електричниот погон. Првиот нивни модел L7 дебитираше во 2022 година и неофицијално беше причина Audi да договори соработка со матичната му компанија. Женевска премиера имаше лимузината L6 која како и останатите е дефинирана со јасна посветеност на употребата на напредни технологии и врвни погонски единици. Основната верзија има еден електромотор со 340 коњски сили, а помоќната два со вкупно 790 коњи. За неа се истакнува дека има неверојатни перформанси и забрзува до 100 километри на час за помалку од 3 секунди. Проектираната автономија зависи од типот на батериите – со литиум-јонски ќе изнесува 600 со батерии со цврст електролит 800 километри.
Моделите на IM треба да станат достапни во Европа во текот 2025 година, веројатно преку продажната мрежа на MG.