Женева 2024 – Dacia со три светски премиери

Dacia во Женева не дозволи да падне во сенка на францускиот патрон

Настапувајќи со три премиери, Dacia ја покажа својата целосна посветеност да стане бренд рамноправно почитуван од сите. Иако покажан уште пред крајот на ноември лани, најголемо внимание посебно заради цената под 20 илјади евра секако привлекува новата трета генерација на Duster. Поголем од претходникот поставен е на поедноставна верзија на CMF-B платформа што ја имаат уште Renault Captur, Nissan Juke и други модели на алијансата, која овозможи вградување на нови погонски агрегати. Електрифицирани во голема мерка најсилниот од нив располага со 140 хибридни коњски сили, чија алтернатива е трицилиндричниот турбо со 130 коњи. Дизели нема, а погонот на сите четири тркала овозможува избор меѓу пет режими на возење.

Новиот дизајн на неговиот преден дел во Женева осамна и на електричниот Spring, кој сега изгледа како сосема нов модел. Ревидирана е и внатрешноста во која се среќаваат пар нови погодности, но техничкиот пакет остана скоро ист. Spring и понатаму ќе се нуди во две верзии со 45 и 65 коњски сили и батерии доволни за 220 километри, кои ќе се дополнуваат и со помош на новиот систем за регенерација на енергијата. Полначот располага и со двонасочни можности и возилото може да се користи за напојување надворешни уреди со струја со напон од 220 волти. Првите испораки се очекуваат летово.

Атракција на штандот на Dacia во Женева беше и тркачкиот Дакар прототип Sandrider, во чија промоција помогна лично и Себастијан Леб.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER