Женева 2024 – Lucid ги шири хоризонтите

Многумина во Lucid гледаат единствен производител чии возила можат да им парираат на Tesla

Сметајќи го ова како комплимент, американскиот производител на луксузни возила со својот неочекуван настап во Женева се обиде да докаже дека е така. Покрај двете верзии на електричната лимузина Air секако во прв план беше кросоверот Gravity, од кој компанијата многу очекува. Има место за седум патници, располага со 800 коњски сили и може да понуди перформанси на спортските автомобили. Како бонус за цената која во Америка се очекува да изнесува околу 80 илјади долари, ќе биде автономијата од повеќе од 700 километри. Приказната за него нема да запре тука бидејќи скоро идентичната механика со лимузините овозможува да бидат вградени три електромотора со преку 1.200 коњи, керамички сопирачки и спортско ослонување, токму како што има и Saphire верзијата на Air која чини четврт милион долари, исто така покажана во Женева.

Lucid на Стариот Континент засега ограничено е присутен само во Норвешка, Холандија, Германија и Швајцарија. Лани има произведено едвај околу 8.500 возила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER