Женева 2024 – Kimera Evo38

За среќа, смотрата во Женева не остана без автомобилски посластици

За тоа се потрудија ентузијастите од италијанската мануфактура Kimera кои се посветија на оживување на легендарните автомобили на Lancia, конкретно рели моделот 037. Во ограничен број примероци секако, согласно своите ресурси. Но интересот беше поголем и сега тие подготвија унапредена верзија. Модерно обработениот изглед е дополнет со погон на сите четири тркала задвижувани со турбо мотор со најмалку 600 коњски сили, ревидирано ослонување и подобрена распределба на тежината. Ергономијата во кабината со две седишта е унапредена, а за која цена ќе може да се седне во нив не е познато. Ниту пак кога, но сосема е јасно дека тоа ќе биде резервирано само за мал број среќници кои со овој автомобил нема да можат да се појават во редовен сообраќај.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER