Со претставување на уште еден концепт Genesis продолжува да ја истакнува својата креативност.

Овој пат се работи за елегантен кросовер подготвен за теренски авантури, ама не и за сериско производство заради што отсуствуваат детали за погонот.

Наречен е X Gran Equator но не според имагинарната географска линија која ги дели двете земјини полутопки туку по наградуваниот арапски пастув кој стана симбол на елеганцијата и префинетата сила.

Токму тие карактеристики конструкторите на овој концепт ги пренесоа во светот на автомобилите, ускладувајќи ги удобноста и робусноста.

Го дефинираат чисти линии, јасни површини и долг преден дел а теренските способности се истакнати со големите тркала.

Двојните светла делуваат впечатливо додека луксузна внатрешност е контраст меѓу аналогната архитектура и дигиталните технологии.

Истовремено корејската марка потсети и дека интензивно работат на болидот за Леман серијата каде треба да учествуваат од идната година. За предизвиците со кои ќе се соочи тој има хибриден погон чија основа е твин-турбо V8 мотор направен со спојување на два агрегати од тркачките WRC автомобили на Hyundai. Ќе настапува во врела портокалово-црвена ливреја со која сигурно ќе привлече внимание.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER