Genesis – GV60

насловна Поглед во иднината

Премиум струја

Првенецот со големи амбиции и палета на сила

објавено 23. август 2021

Корејскиот луксузен бренд Genesis ја прикажува својот прв целосно електричен адут. Веќе од името се знае дека е кросовер, но не се гледа дека е поставен на новата E-GMP платформа која се користи во целата група. И покрај сличните димензии, дизајнерите успеаја да најдат целосно независна експресија која не го дозволува ризикот од конфузија ниту со Hyundai Ioniq 5 ниту со Kia EV6. Заоблените, течни форми се нагласени со елементите за осветлување во форма на двојни ленти. Предниот дел е затворен, освен долниот влез за воздух.

Внатрешноста е исто така дизајнирана независно, со големи радиуси и фини материјали кои го документираат статусот на Genesis над Hyundai и Kia. Кристална топка служи како рачка за селекција на погонот. Genesis сé уште не споделува информации за техничките спецификации, но портфолиото на погонот ќе биде тесно базирано на двата сестрински модели. А тоа значи опција за погон на задните или на сите тркала и различни нивоа на моќност од 170 КС до 585 КС. Најверојатно, поради припадноста во премиум сегментот, Genesis ќе се одлучи само за посилните погони. Лансирањето на пазарот во Европа се очекува за 2022 година, а како главни конкуренти се посочуваат Audi Q4 e-tron и Mercedes EQA.