Genesis – GV 80 EV

Вести

Атлетска елеганција

Првиот модел на струја ги носи препознатливите елементи на Genesis

објавено 22. април 2021

Електричниот G80 е седан што ги користи најновите технологии. Шангајскиот саем беше искористен за негово лансирање очекувајќи да им се допадне на Кинезите ориентирани кон луксузниот сегмент. Од таму ќе го преплива Пацификот каде е на проверена територија. Неговата автономија од 427 километри е добар адут, исто како и погонот на сите тркла, забрзување до стотка за 5,2 секунди и експресното полнење на батеријата.

Нејзиниот капацитет се полни од најниско ниво од 10% до 80% наполнетост за само 22 минути благодарејќи на мулти напонскиот систем оперативен на 400/800V кој им овозможува на корисниците да употребуваат различна инфраструктура. Првиот електричен Genesis не е само луксузен туку е и ”хуман“. Опремен е со системот V2L (Vehicle to Load) со кого може да се уштека на куќна мрежа за ”прва помош“.