После рели шампионатот Hyundai ја напаѓа и Леман серијата.
Корејски претставник во трките на издржливоста ќе биде тимот Genesis Magna чиј болид веќе е скроен во што помогна и легендарниот Џеки Икс.
Спецификациите не се објавени но според регулативата ќе има хибриден погонски систем со максимални 680 коњски сили од кои само 10 отсто смеат да доаѓаат од електромоторот. Погонот е на задните тркала а тежината ограничена на минимални 1.030 килограми.
Новиот тим своето огнено крштевање во светскиот шампионат ќе го има во сезоната 2026-та. Трките на издржливоста се едни од најпрестижните и најпредизвикувачки дисциплини во автомобилскиот спорт и како глобална платформа за покажување на техничките иновации бараат долгорочна стратегија.
Тоа впрочем најдобро ја илустрира намерата на Корејците да се придружат на елитната група производители кои се натпреваруваат во оваа серија.