Genesis – G90

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Исполиран знаменосецот!

Со новата лимузина Genesis најавува возбудлив идентитет за сите идни модели

Сеул беше центарот од каде се прошири веста за новата лимузина која ќе го превземе бајракот на овој луксузен бренд. Пред три години на пазарот беше лансиран седанот G90, а веќе од следната година ќе добие замена. И тоа не било каква, туку носител на новиот дизајнерски идентитет на марката!

За почеток се акцентираат само визуелните промени додека механичките остануваат да се обзнанат во следните месеци. Тоа се оденсува на погонот. Изгледот зборува сам за себе покажувајќи дека корејската марка ги има совладано глобалните трендови давајќи свој печат. Новата маска е врамена со тенки двојни G-Matrix хоризонтални фарови сочинети од 200 микро-оптички леќи кои даваат јасно оцртување на светлосната сигнализација и го осветлуваат патот до перфекција.   Од нив се развива понатамошната странична параболична линија што ги спојува хаубата и поклопецот на багажникот формирајќи ја просторната кабина.

Задниот дел ги содржи клучните елементи на новиот дизајнерски јазик и го продолжува светлосниот отпечаток растегнат, повторно во две хоризонтални линии, по целиот поклопец на багажникот.  Внатрешноста е комбинација на нови технологии и луксузни детали хармонично  вклопени во просторна и луксузно скроена кабина.

Најновата генерација на инфо-забавен систем е поврзана со кокпитот на кого исцртува графика во висока резолуција. За доволно светлина во внатрешноста задолжени се два панорамски покриви лоцирани над предните и задните седишта. G90 ќе се нуди во избор на 12 бои на каросеријата и многу можни комбинации во кабината.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER