Genesis – G70

Вести

Зајакнат средниот ред

Во најава се уште пет модели до крајот на годинава

објавено 25. август 2021

Според стратегијата што ја спроведува за влез на европскиот пазар, Genesis го најавува седанот G70 и неговата кросоверска варијанта GV70 како најевтини помеѓу премиум марките. Почетната цена од 39.100 евра нуди турбо-бензински мотор од два литри впарен со осум брзински автоматски менувач и погон на сите тркала, додека теренецот чини најмалку 45.920 евра во конфигурацијата со 2,2-литарски дизел, исто така со осум брзински автоматик и погон на сите тркала.

Двата модели може да се нарачаат од 1 септември и ќе бидат лансирани оваа година, истовремено во Германија, Швајцарија и Велика Британија. По G80 и GV80 сега лепезата се искачи на четири модели во Европа. До крајот на годинава треба да се приклучат G70 Shooting Brake, електрифициран G80 и уште три целосно електрични возила.