General Tire стана официјален партнер на NASCAR Whelen Euro серијата
Од идната година, General Tire ќе ги снабдува сите возила во NASCAR Whelen Euro серијата со тркачки пневматици кои ги исполнуваат највисоките очекувања за овој вид натпревари
Објавено на 8 ноември 2018 година
Сите тимови во NASCAR Whelen Euro серијата од идната година ќе користат пневматици на General Tire. Како нејзин официјален партнер и ексклузивен добавувач, General Tire на сите натпреварувачи ќе им испорачува слик и пневматици за дожд од својот нов NWES GT модел во димензија 11.5/ 27.5 R 15 и за предните и за задните тркала на возилата. „NASCAR Whelen Euro серијата и General Tire се идеални партнери, не само заради богатото американско наследство што го делиме“, воодушевено изјави Гај Фробишер, постар проект менаџер во General Tire за Европа. „Тоа е фантастична можност да го покажеме нашиот бренд во овој возбудлив и сé повеќе популарен дел од мотоспортот. Уште повеќе што нашите инженери во САД имаат развиено тркачки пневматици кои ветуваат дека ќе ги постигнат највисоките очекувања на тимовите“, додава тој.
„Ние сме доста горди и среќни со ова долгорочно партнерство со General Tire. Шестгодишната посветеност е огромна демонстрација на довербата во NASCAR Whelen Euro серијата и нејзините потенцијали. Со General Tire ја делиме истата силна желба за понатамошно развивање на Euro NASCAR постигнувањата на нови височини и промовирање на брендот General Tire низ цела Европа. За помалку од 10 години NWES стана една од најатрактивните серии во Европа со повеќе од 30 автомобили во секоја трка, десетици илјадници фанови кои ги посетуваат нашите настани и многу силни партнерства со водечки светски компании кои го поддржуваат Euro NASCAR. Ова е уште еден огромен чекор напред за серијата, а само небото е граница!“, рече претседателот и извршен директор на NASCAR Whelen Euro серијата Жером Галпин.
Овие трки се одржуваат во седум европски земји. Возилата што учествуваат во нив имаат по 400 коњски сили.