Стратешко партнерство
Следното големо померување кај автомобилите ќе го донесе автономното возење
Две децении откако излезе идејата за автономно возење таа сé уште не е во потполност реализирана. Нема ниту да биде во оваа декада. Потенцијалот што го нуди е дел од развојните програми на младите компании што се ориентирани исклучиво на електрични погони. Еден од ветераните во развој на автономното возење, американската Waymo, е сé поблиску до реализација на технологијата што ја развива. Ги здружи силите со Geely кој преку неговата електрична марка Zeekr ќе го материјализира првото „Робо-такси“. Од приложеното се гледа дека тоа ќе биде стилски миниван со огромни лизгачки врати, два реда седишта и нема волан!
Zeekr нагласува дека возилото е во развој во CEVT (China Europe Vehicle Technology Centre) во Гетеборг, Шведска. Сепак, производството ќе се случи во една од фабриките на Geely во Кина. Компаниите информираат дека сè уште неименуваниот миниван ќе биде поставен на „нова комерцијална и отворена архитектура за мобилност“. Тоа ќе биде најверојатно SEA (Sustainable Experience Architecture). Кинеската компанија ќе го развие возилото Waymo со целосно конфигурабилна кабина, со и без возачки контроли. Waymo ќе биде задолжен за испорака на овие комбиња во САД и интегрирање на својот целосно автономен Waymo Driver во платформата на возилото, која сè уште не е целосно развиена. За Waymo, ова е совршена можност да ги прилагодува развојните возила да работат со нејзината технологија, додека Zeekr ќе се претстави како веродостоен производител на автомобили пред американските клиенти и добива можност да го интегрира автономното возење во своите идни возила.