Се зацврствува партнерството помеѓу Renault и Geely, се приклучува и  Aramco!?

Кинескиот Geely Automobile Holdings и групацијата за производство на нафта Aramco се во преговори да купат удели во дивизијата за производство на модели со мотори на фосилни горива на Renault. Плановите што ги објави Renault за поделба на своите производствени  капацитети на две дивизии отвораат нови перспективи, но алијансата со Nissan и  Mitsubishi нема јасна перспектива. Пред крајот на првиот семестар претседателот на францускиот гигант, Лука де Мео, објави дека Renault ќе го одвои производството за електрични возила кое ќе остане во Франција и она за модели со мотори на внатрешно согорување со локација во друга земја и во неа ќе бидат сите нејзини производствени локации за бензински и хибридни погони во Шпанија, Португалија, Турција, Романија и Латинска Америка.

Стратешкиот партнер на Renault, Nissan не планира да учествува во дивизијата. За сега и Renault и Geely одбија да коментираат. Оваа есен Renault треба да ги открие плановите за создавање единица наменета за ЕВ со седиште во Франција каде има намера да остане мнозински акционер во својата електродивизија. Ampère, во која ќе има околу 10.000 вработени, ќе котира на берзата во втората половина на 2023 година. Во втората дивизија французите ќе имаат работна сила со слична големина, и ќе останат референтен акционер со значително влијание. Најверојатно дека Renault ќе има 40 отсто од акциите во единицата за мотори со фосилни горива, додека Geely исто така ќе има 40 отсто, а преостанатите 20 отсто ќе ги поседува Aramco. Тоа не би го вклучило Nissan, и покрај предлогот на Renault да учествува во договорот, што е дополнителен показател дека стратегијата на партнерите во алијансата продолжува да се разминува. Долгорочната иднина на алијансата е неизвесна по падот на поранешниот шеф Карлос Гон во 2018 година. Renault, Nissan и Mitsubishi велат дека повеќе од 80 отсто од нивните модели ќе се засноваат на заедничка архитектура во 2026 година, но остануваат отворени прашањата за плановите понатаму. Geely е сопственик на шведскиот Volvo Cars, британскиот производител на спортски автомобили Lotus, MG и има удел во Mercedes. Со споделувањето на трошоците за дизел и бензинските мотори кои треба да опаѓаат како што се зголемува продажбата на ЕВ, Renault се надева дека ќе ослободи средства за реинвестирање во електрични модели, технологија што ја започна заедно со Nissan, но се уште не се постигнати саканите резултати. Учеството на нафтена компанија Aramco, исто така, ќе помогне во развојот на зелениот водород и инфраструктурата потребна за да се направат автомобилите со водородни горивни ќелии одржливи заедно со БЕВ.

 

Водородот спаѓа во „зелена категорија“ кога е направен со обновлива енергија и се смета за клучен за да помогне во декарбонизацијата на индустријата. Како дел од драстичното преструктуирање за зајакнување на своите финансии, Renault неодамна ги зацврсти партнерствата со своите историски сојузи со Nissan, Mitsubishi и Mercedes. Во мај, францускиот производител на автомобили продаде 34 отсто од својата подружница во Јужна Кореја на Geely. Renault ќе развива и хибридни возила произведени во својата фабрика во Бусан со Geely.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER