Gaia – Транспортер на водород

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Подготовки за нова револуција!?

Еден од бројните аспекти што треба да се земат во предвид за „зелената револуција“ во автомобилската индустрија е транспортот на гориво. Возилата што ја користат технологијата на горивни ќелии станува реалност во повеќе сегменти, особено транспортот на стока, па веќе се изготвуваат планови за непречено доставување на течниот водород. Неговата испорака треба да биде во големи количини на значителни растојанија. Најевтина алтернатива е бродскиот транспорт што постави нов предизвик за поморските архитекти чиј одговор е Gaia. Kонцептот на танкер за превоз на водород се издвојува поради неговиот дизајн и капацитет. Со должина од 141 метар, танкерот ќе има капацитет од 37.500 кубни метри, количина доволна да се наполнат резервоарите за течен водород на 400.000 средни возила или 20.000 тешки камиони! Течниот водород ќе се складира во три огромни резервоари. Бродот, исто така, ќе биде задвижуван со горивни ќелии што ќе добиваат водород од „вриењето“ во резервоарите. Во пракса тоа значи дека испарувањата, кои досега биле испуштани во атмосферата, се користат за напојување на сопствените погонски системи на бродот. Како резултат на тоа Gaia ќе работи со нула емисии на стакленички гасови. Значи, овој танкер не само што ќе испорачува алтернативно гориво за копнените возила, туку и самиот ќе биде зелен. Gaia е сè уште концепт, а се планира танкерот да биде оперативен до 2027 година со испорака на 100 тони водород дневно од Шкотска во Германија. Се проценува дека волуменот на транспорт, со порастот на побарувачката, ќе се зголеми до 300 тони дневно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER